За Нас

Музеј на Западна Македонија во НОВ - Кичево

Музејот се наоѓа во самиот центар во Кичево,сместен е во зграда која датира од 1892 година, отворен за посетители е на 11 октомври 1980 година по повод празникот Ден на народно востание. Музејската поставка е сместена на приземје и кат на површина од 400м2 каде што се наоѓаат документи, фотографии, предмети, карти, скици и други придружни материјали – архитектонски и ликовно обликувани, истакнувајќи ги најзначајните историски збиднувања во Народноослободителната и анфтишистичка војна во Македонија (1941-1945).
decor-about3.png
pixels.png

Зградата на Музејот Западна Македонија во НОБ всушност претставува комплекс од три меѓусебно поврзани згради сместени во Кичевската чаршија, во западното подножје на Китино кале. Најстариот и средиштен објект е изграден во 1892г.

Годината на изградба на втората зграда не е позната, но се одликува со истите стилски особености на фасадата.

Третата зграда е целосно реконструирана во периодот од 1972 до 1978 г., и со тоа и таа ги добива истите стилски особености.

Зградата на Музејот однадвор е профилирана во стилот на доцниот неокласицизам од крајот на XIX и почетокот на XX век. Главната (чаршиска) фасада на приземјето има големи прозорци со полукружни завршетоци.

decor-about-4.png
decor-about-4.png
decor-about3.png
circles.png
line-bg.png
decor-1.png

Катот има помали правоаголни прозорци украсени со богата штукатура која во горниот дел образува свод.

Отворите се поделени со пиластри, а меѓу катовите и под покривот има хоризонтален венец. На фасадата на средниот објект има покривен тимпанон над катниот балкон, каде е испишана годината 1892. Адреса ул. Стојан Божиноски бр. 1, Кичево, тел 045 222 949.