Уметност

decor-about-2.png
decor-about-1.png

Збирка на уметнички предмети

Збирката на уметнички предмети во НУ Музеј „Западна Македонија во НОВ“, е мешовита бирка на уметнички дела. Имено таа е составена од фрески, мозаици, како и цртежи со црвена креда и молив, изработени од академскиот сликар Борко Лазески. Неколку цртежи изработени се од ликовниот уметник Зоран Малиновски од Штип, како и од кичевскиот сликар Мике Димитриески.

Во поставката како уметнички дела поставени се и макети изработени од Климе Коробар, и тоа: „Куќата во Тетово каде што е одржана Првата седница на ЦК на КПМ“, „Колибите во Лопушник“, „Првото училиште на македонски јазик во с. Подвис“ и „Опожарено село“.

decor-3.png
deor-4.png
Фреска, 11 октомври 1941 година
decor-about-2.png
decor-about-1.png

Фреските се наоѓаат на приземјето и ги симболизираат тешкиот живот на нашиот народ, борбите низ кои минувал до конечната победа и 11 Октомври 1941 година – Денот на востанието против фашистичкиот окупатор.

Мозаиците се наоѓаат на спратот и ги симболизираат капитулациите на фашистичкие земји Италија (8 септември 1943 година), Бугарија (9 септември 1944 година) и Германија (15 мај 1945 година).

 

decor-3.png
deor-4.png
Мозаик
decor-about-2.png
decor-about-1.png

Цртежите се со историска тематика и пред се на нив претставени се народните херои од западниот дел на Македонија, и тоа: Мите Богоески, Лиман Каба, Злате Михајлоски, Чеде Филипоски-Даме, Гоце Стојчески, Манчу Матак, Ибе Паликуќа, Злате Билјановски, Миха Михајлоски, Тихомир Милошески, Наум Наумовски-Борче, Тодор Циповски-Мерџан, Видое Смилевски-Бато, Мирко Милески-Урош, Панче Поповски, Петар Божиновски, Елпида Караманди, Вангел Тодоровски-Мајоро, Стив Наумов, Естреа Овадија, Вангел Нечевски-Тунело, Васко Карангелевски и Фана Кочовска.

Другите цртежи се: „Брсјачка буна“, „Мавровско-гостиварскиот одред“, „Демонстрации на жени“, „Борба против спаилакот“, „Терор на окупаторот“, „Паднат борец“ (ацосијација на Кочо Рацин), „Борба за ослободување на Дебар“, „Борбата на Буковиќ“, „Борбата кај Кленоец“, „Се за фронт се за победа“ и „Маршал Тито“.

decor-3.png
deor-4.png
Макета на училиштето во с. Подвис