Промоција на монографијата „Топономастички студии за Кичевскиот Регион“ од Давор Јанкулоски – Promovimi i monografisë „Studime toponomastike për Rajonin e Kërçovës“ nga Davor Jankulloski

Во НУ Музеј „Западна Македонија во НОВ“ – Кичево се одржа промоција на монографијата „Топономастички студии за Кичевскиот Регион“ од авторот Давор Јанкулоски. Ова научно дело е резултат на повеќегодишна

//
ноември 2, 2026
ООУ „Д-р Владимир Полежиноски“ од Кичево реализираа успешна и возбудлива посета на Музејот во Кичево – SHFK “Dr. Vladimir Poxhelishovski” nga Kërçova realizoi një vizitë të suksesshme dhe emocionuese në Muzeun e Kërçovës

Учениците од прво до четврто одделение од ООУ „Д-р Владимир Полежиноски“ од Кичево реализираа успешна и возбудлива посета на Музејот во Кичево. Оваа воннаставна активност беше организирана со цел да

//
октомври 26, 2026
Здружение на ветерани од одбраната и безбедноста за општините Кичево, Охрид и Дебрца остварија посета на Музејот во Кичево. – Shoqata e Veteranëve të Mbrojtjes dhe Sigurisë për komunat e Kërçovës, Ohrit dhe Dibërçës kanë realizuar një vizitë në Muzeun e Kërçovës.

Здружение на ветерани од одбраната и безбедноста за општините Кичево, Охрид и Дебрца остварија посета на Музејот во Кичево. Посетата беше искористена за запознавање со богатата музејска поставка, која сведочи

//
октомври 16, 2026

НУ Музеј ,,Западна Македонија во НОВ“ - Кичево

Музејот се наоѓа во самиот центар во Кичево,сместен е во зграда која датира од 1892 година, отворен за посетители е на 11 октомври 1980 година по повод празникот Ден на народно востание.

Музејската поставка е сместена на приземје и кат на површина од 400м2 каде што се наоѓаат документи, фотографии, предмети, карти, скици и други придружни материјали – архитектонски и ликовно обликувани, истакнувајќи ги најзначајните историски збиднувања во Народноослободителната и анфтишистичка војна во Македонија (1941-1945).

decor-about3.png
pixels.png

МУЗЕЈСКИ ЗБИРКИ

Збирката на историски предмети во НУ – Музеј „Западна Македонија во НОВ“– Кичево е најголема по обем и содржи предмети, односно оружје и друга воена опрема и прибор кое било користено за време на Народно-ослободителната и антифашистичка војна на Македонија (1941-1945 год.), од страна на значајни историски личности од поновата македонска историја, почнувајќи од народни херои од Македонија, носители на „Партизанска споменица 1941 година“, до други борци и учесници во НОАВМ (1941-1945 год.), што ја прави нејзината автентичност.

Збирката на археолошки предмети е мешовита збирка на археолошки предмети. 

Збирката на етнолошки предмети во Музејот е мешовита збирка на етнолошки предмети. 

Збирката на уметнички предмети во НУ Музеј „Западна Македонија во НОВ“, е мешовита бирка на уметнички дела. 

circles.png
line-bg.png
decor-1.png

Музеј на „Западна Македонија во НОВ“ - Кичево

Зградата на Музејот „Западна Македонија во НОВ“ всушност претставува комплекс од три меѓусебно поврзани згради сместени во Кичевската чаршија, во западното подножје на Китино кале. Најстариот и средиштен објект е изграден во 1892г.

Годината на изградба на втората зграда не е позната, но се одликува со истите стилски особености на фасадата.