Збирката на етнолошки предмети содржи предмети кои преставуваат значајно сведоштво за животот и народните обичаи на населението од Кичево и Кичевско.Таа содржи предмети од народни носии од овие краишта кои се специфични по својата содржина, народниот вез и сите придружни елементи.
Збирката е составена од предмети изработени од рановиден материјал, пред се тексти и метал, како и од разновиден начин на изработка: плетење, ткаење, везење, шиење.
Збирката на етнолошки предмети во Музејот е мешовита збирка на етнолошки предмети. Имено таа е составена од предмети од народни носии, и тоа: женски кошули, саи, фустани, сукњи, скутници, наметки, елеци, грлници, марами, крагњи, подракави, чорапи, појаси и др. Збирката содржи традиционален накит и тоа: прстени, колани, пафти, ѓердани, украси, привезоци и др. Покрај наведените предмети збирката ја сочинуваат и: крстови, висок, мастилница, табакера, катанец, грне, чинија, лажици и др.