Успешно се реализира проектот „Традиционални носии во Кичево и Кичевско“, финансиран од Министерството за култура и туризам. Преку низа теренски активности во градот и околните рурални средини, беа евидентирани, детално истражени и професионално фотографирани зачувани примероци од традиционалната облека, со фокус на нивниот крој, материјали и специфични орнаменти и нивниот автентичен вез.
Како важен дел од проектот, беа организирани еднонеделни едукативни работилници каде деца од различна возраст, под менторство на искусни ментори, ги учеа автентичните техники на кичевскиот вез.
Како директен резултат од овие активности, во Музејот беше поставена повремена изложба од отворен карактер.
Изложбата опфати селекција на фотографии и прекрасните ракотворби изработени од самите деца, со што успешно се презентираа досегашните фази од проектот и се популаризираше локалното културно наследство.





