Малата етнолошка поставка

Малата етнолошка поставка

Оваа збирка се карактеризира со својата разновидност, бидејќи таа е составена од предмети од женска народна носија од Кичево и Кичевско, како и традиционален накит, предмети за покуќнина и други предмети изработени од различен материјал. Таа преставува значајно сведоштво од поширок интерес за проучување на општествено-економските и културните прилики во еден подолг период, не само во Кичево и Кичевско, туку и пошироко.

Во посебен дел на музејот поставена е мала етнолошка поставка во која се изложени дел од народните носии од Кичевско, како и неколку метални предмети: чинија, лажички, пафти, прстени, колани и друг накит.