Историска лекција надвор од училницата

Датум на настанот

10/06/2026

Учениците од четврто одделение од ООУ „Санде Штерјоски“, предводени од нивната учителка Цветанка Србиноска, реализираа едукативна посета на музејот. Оваа посета e одлична можност да се излезе од училниците и да се доживее историјата на Кичево.