Учениците од прво до четврто одделение од ООУ „Д-р Владимир Полежиноски“ од Кичево реализираа успешна и возбудлива посета на Музејот во Кичево. Оваа воннаставна активност беше организирана со цел да им се овозможи на најмладите ученици непосреден контакт со историјата, традицијата и културното наследство на кичевскиот регион.
Посетата придонесе за поттикнување на љубопитноста кај учениците кон историјата и градење на навика за посетување културни институции уште од најрана возраст.





