Збирка на историски предмети

Збирката на историски предмети во НУ - Музеј „Западна Македонија во НОВ” – Кичево е најголема по обем и содржи предмети, односно оружје и друга воена опрема и прибор кое било користено за време на Народно-ослободителната и антифашистичка војна на Македонија (1941-1945 год.), од страна на значајни историски личности од поновата македонска историја, почнувајќи од народни херои од Македонија, носители на „Партизанска споменица 1941 година”, до други борци и учесници во НОАВМ (1941-1945 год.), што ја прави нејзината автентичност.

Исто така, има предмети кои се користеле и за време на Илинденскиот период (1903 год.), Првата светска војна (1914-1918 год.) како и за време меѓу двете светски војни.

  kubur  revolver Gaser

Кубур и револвер „Гасер“

Историската збирка е разновидна по својата содржина. Таа содржи разновидно ладно и огнено оружје, воена опрема и прибор и други предмети поврзани со историски личности и настани. Исто така, дел од збирката е историскиот партизански воз „Малиот Ќиро”, сместен на платото пред Железничката станица во Кичево, кој претставува посебна културно-историска атракција за самиот град.

   mozairnik       naprava za lienje kursumi

Мозикарник и направа за лиење куршуми

Во целина збирката на историски предмети во НУ - Музеј „Западна Македонија во НОВ” – Кичево, според времето на настанување, како и нејзиното историско значење претставува сведоштво од поширок интерес за проучување на општествено-економските и културно-историските прилики во Македонија од пред крајот на османското владеење во Македонија, заклучно со конечното ослободување и создавање на самостојна и независна Република Македонија.

Историското значење на оваа збирка може да се презентира преку личното наоружување на народните херои од Македонија, носители на „Партизанска споменица 1941 година”, како и другите борци и учесници во НОАВМ (1941-1945 год.)

puska kraguevka od naridniot heroj Mirko Mileski

Пушка „Крагуевка“, од народниот херој Мирко Милески

pishtol Bereta od narodniot heroj Cede Filiposki Dame

Пиштол „Берета“ од народниот херој Чеде Филипоски-Даме

Del od istoriskite predmeti

Дел од историските предмети

Partizanskiot voz Kiro

Партизанскиот воз „Ќиро“

Во Музејот се наоѓаат и неколку предмети кои ги користеле членовите на англиската воена мисија, и тоа:

Англиска воена пушка, автомат „Стен”, радиостаница, англиска блуза, дел од падобран, преправен како кошула, карта на Балканскиот полуостров, англиско потекло, изработена на свила.

Историската збирка располага и со доста пушки, кубури, револвери, мозокарници и други предмети употрбувани за време на Илинденското востание од 1903 година.

pushkomitralezi

Пушкомитралези