Збирка на археолошки предмети

Збирката на археолошки предмети е мешовита збирка на археолошки предмети. Имено таа се состои од предмети кои потекнуваат од античкиот и средновековниот период, како и од нумизматички предмети.

ploca kitino kale

Плоча, „Китино Кале“-Кичево

Во збирката од античкиот период се наоѓаат следните предмети: кујнски садови, садови за течност, садови за пиење, предмети од мазен камен, алатки за обработка на дрво и др. Предмети од средновековниот период се: столб, капител, плоча, скулптура, кујнски садови, садови за течност, садови за пиење, складишни садови, украси за облека, накит за глава, накит за раце, офанзивна опрема, поклонички предмети, градежна керамика, како и фрески од манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи“, село Кнежино. Нумизматички предмети се: римски бронзени монети, рановизантиски бакарни монети, византиски бронзени монети, османлиски сребрени монети и други средновековни монети.

Покрај наведените предмети збирката ја сочинуваат и фреските пронајдени при археолошките истражувања на манастирскиот коплекс „Св. Ѓорѓија“, с. Кнежино.

Збирката на археолошки предмети се карактеризира со својата разновидност, бидејќи таа се состои од археолошки предмети од неколку наоѓалишта во Кичевско, керамички предмети, метални предмети, камена пластика и други предмети изработени од различен материјал, како и монети од различни временски периоди.

srednovekoven nakit knezinski manastir sv Gjorgji

Средновековен накит, Кнежински манастир „Св. Ѓорѓи“

freska od XIII vek Knezinski manastir

Фреска од XIII век, Kнежински манастир „Св. Ѓорѓи“